| четврток, 6 декември 2018 |

Руски бомбардер промаши писта

авион

Стратешки руски бомбардер Ту-95 промаши денеска писта за слетување во областа Амур на рускиот Далечен исток откако претходно се запали еден од моторите, соопшти Министерството за одбрана.

Во соопштението се додава дека командантот на руските воздухопловни сили побарал укинување на сите летови на бомбардерите Ту-95 додека трае истрагата.

Инцидентот се случил за време на тренажен лет во базата Украинка. Во авионот немало оружје, а нема информации дали има повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top