Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека е уверен оти екстремистите од Исламска држава ќе бидат потиснати од Ирак и на крајот ќе бидат поразени. – Сепак, за тоа е потребно време, изјави Обама по средбата со ирачкиот премиер на маргините на самитот Г7 што се одржува во Германија.- Во Ирак и понатаму постојат проблеми – рече Обама и порача дека успехот против екстремистите ќе зависи од тоа колку ќе биде ефикасна меѓународната коалиција што го поддржува ирачкиот премиер Хајдер Абади.
Обама наведе дека е „апсолутно уверен во успех“ ако Багдад има Влада што ќе ги претставува сите заедници.
Абади изјави дека е убеден во победа и му се заблагодари на Обама и лидерите на Г7 за поддршката.
Самитот на Г7 се одржува во баварскиот луксузен дворец Елмау во близина на Гармиш-Партенкирхен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Амбасадорите на Обама во Македонија и во околните земји работат на поткопување на суверенитетот на државите
-
Кој е режисерот, сценаристот и актерите против процедурата, волјата на народот и суверенитетот на Република Македонија
-
Обама се враќа