Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, потврди дека тренерот на екипата Луис Енрике ќе остане на клупата на актуелниот европски шампион.
Барселона по победата над Јувентус од 3:1 во финалето од Лигата на шампионите стана првата екипа што двапати во својата историја ја освоила популарната „триплета“, претходно Барса три трофеи освои во 2009 година под водство на Пеп Гвардиола.
Енрике по завршувањето на сезоната одбработи една година од двегодишниот договор, но на повеќе наврати одби да одговори дали ќе остане во клубот и следната сезона.
– Нема причина да зборуваме за тоа, Луис Енрике ќе оостане во клубот. Неговата сезона е за чиста десетка, нема причина да го раскинеме договорот – изјави Бартомеу.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Паника во Барселона: Сомнителен куфер со можна бомба, евакуирани два воза
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот


