Минатата недела царинските службеници спречија повеќе обиди за шверцување, при што привремено се задржани девизи, цигари, тутун, кафе, маслиново масло, препарати за слабеење, облека, рачни часовници, мобилни телефони и видеокамери и др. Покрај тоа, откриен е и обид за царинска измама, но и обид за нелегален влез во државата на 12 сириски државјани.
Задржана е следната стока:
Девизи
– 5.400 швајцарски франци и 2.500 евра, откриени при личен претрес на двајца македонски државјани кои со швајцарски автомобил се пријавиле за излез од државата на граничниот премин Ќафасан. При извршената контрола, во паричникот на возачот се пронајдени 2.800 евра и 3.800 швајцарски франци, а во паричник сместен во заден џеб од панталоните на сопатникот се пронајдени 5.200 швајцарски франци и 300 евра, за кои споствениците не поседувале доказ за потекло. На двајцата патници им биле вратени девизни средства во противвредност на 2.000 евра, износ што може слободно да се изнесе од државата.
Цигари, тутун и кафе
– 92 штеки цигари Monte Carlo, 57, Pall Mall и Bond со македонски акцизни маркички, 39 кг сецкан тутун, 17,4 кг кафе Grand и Frank и 58 пара влечки, откриени на Железничката станица Табановце, при контрола на повеќе црни кеси, сопственост на тројца српски државјани, патници во воз што сообраќал на релација Скопје – Белград.
– 12 штеки цигари Assos и Stuyvesant без акцизни маркички, откриени од страна на мобилните царински тимови при контрола на грчки автомобил, управуван од грчки државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените цигари се пронајдени во фабрички празнини под патосниците пред предните седишта и во посторот за резервна гума, во багажникот на возилото.
Храна и додатоци на исхраната
– 800 литри маслиново масло (172 канти од по 5 литри), откриени при контрола на германско комбе, управувано од германски државјанин со грчко потекло, пријавено за влез во државата на граничниот премин Богородица. Маслото е пронајдено во 43 картонски кутии, сместени на подот на товарниот дел на возилото и покриени со картон.
– 1.080 таблети за слабеење SlimLine (30 кутии со по 36 таблети), откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавените таблети се пронајдени во багажникот на возилото, покриени со патни торби.
Техничка стока
– 5сигурносни камери “COLORCCDCAMERA“, еден дигитален снимачDVRH264, 300 метри кабел и 64 приклучоци за кабли,откриени при контрола на македонски автобус што сообраќал на релација Тирана-Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените производи се пронајдени во патната торба на албански државјанин, патник во автобусот.
– 9 рачни часовници од марките Breitling Super Ocean Chronograph, Panerai Luminor Marina, E Marinela Napoli, Chagal, SEIKO, Nixon never be late, Polet и Citizen и 4 мобилни телефони iPhone 4 и iPhone 5, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој пристигнал со лет од Париз.
Облека и модни додатоци
– 194 парчиња женска облека и ташни, откриени во два одвоени случаи на скопскиот аеродром Александар Велики.Во првиот случај, при контрола на патните торби на македонски државјанин, кој пристигнал со лет од Виена пронајдени се 100 парчиња женска облека (фустани, здолништа и наметки), додека во вториот случај, при контрола на патните торби на косовски државјанин, кој допатувал со лет од Истанбул, се пронајдени 94 парчиња облека (тренерки, панталони, здолништа, фустани и маици) и ташни.
– 66 парчиња женска и детска облека (блузи, фустании комбинизони), откриени при контрола на македонски автомобил, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавената облека епронајдена под потпирачот на задните седишта, под задните седишта и во просторот под хаубата на возилото.
Останато
– 4 пара регистарски таблички и 3 сообраќајни дозволи, откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Ќафасан.
Во првиот случај, при контрола на швајцарски автомобил, со кој за излез од државата се пријавиле двајца македонски државјани, позади совозачкото седиште се пронајдени 2 пара швајцарски регистарски таблички и 1 сообраќајна дозвола. Сопатникот во возилото изјавил дека табличките и сообраќајната дозвола припаѓаат на патничко возило и приколка што биле оставени во Република Македонија и требало да се оцаринат, а сопственикот на возилата му ги дал да ги врати во Швајцарија. Во вториот случај, при контрола на рачна торба, сопственост на македонски државјанин, патник во автобус пријавен за излез од државата, пронајдени се 2 комплети италијански регистарски таблички и сообраќајни дозволи. Според изјавата на прекршителот, табличките и сообраќајните дозволи припаѓале на патнички возила што биле продадени на Косово, но не поседувал доказ за извршената продажба.
– 20 прскалки за наводнување, откриени на царинска испостава Гевгелија, при контрола на стока со потекло од Грција, пријавена за увозно царинење за фирма увозник од с. Куклиш.
Измама
Службата за надзор на иматели на одобренија при царинарница Штип откри обид за избегнување на плаќање увозни давачки со фиктивно раздолжување на стока.
При контрола на фирма од Штип, имател на одобрение за постапки со економски ефект – привремен увоз за облагородување – ЛОН систем, царинските службеници откриле дека 707 килограми плетенина од привремен увоз заради облагородување, биле фиктивно раздолжени како материјал вграден во финални производи што биле извезени, поради што биле се изречени 3 мандатни казни заради неточно искажан норматив, изготвени се два предлози за дополнителна наплата на избегнати увозни давачки во износ од околу 96 илјади денари и поднесено е барање за поведување на прекршочна постапка пред Комисијата за одлучување по прекршок.
Покрај тоа, при извршени контроли на други три фирми, изречени се вкупно 6 мандатни казни, од кои 4 мандатни казни за фирма-имател на одобрение за царинско складирање од Велес, една мандатна казна за фирма-имател на одобрение за увоз за облагородување од Штип и една мандатна казна за ваква фирма од Делчево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


