Распродадени се билетите за вечерашната претстава на Државниот театар од Истанбул „Кога ова би било филм“ која гостува на Меѓународниот театарски фестивал „МНТ-Фест“. Автор на текстот е Алмир Имширевич, а режисерка е Билге Емин, родена во Скопје.
Во претставата играат:Бурак Шентурк, Мине Туфекчиоглу, Бурак Алтај, Ѓонен Ајкач,Бариш Багџи, Берк Сезенлер, Емре Јешилоз.
Југославија… Насекаде војна. Босна и Херцеговина стана независна држава по одржаниот референдум на 3 март 1992 година, по распадот на поранешна Југославија. Сараево е под опсада. Наскоро ќе снема струја и телефоните ќе бидат исклучени. Прекрасната земја Југославија е осамена планета и нејзината врска со светот од ден на ден се намалува.
Семејството Зирич се обидува да најде смисла во сè она што се случува.
Таткото Ибро, пензиониран диспечер, е згрозен од светот, така што не излегува од дома и не сака да знае што се случува надвор. Тој живее во свој свет во темната соба. И живее со спомените. Нема никаква надеж за иднината. Мајката Есма го издржува семејството шиејќи. Тетката Индира сака да го почне животот одново и планира да оди во Индија. Синот го продолжува својот живот и покрај војната и опсадата. Тој секојдневно оди на проби со неговиот бенд и претставува некаква врска помеѓу домот и улицата. Душан, нивниот единствен пријател и сосед, мора да го напушти градот и да се пресели во Србија.
Ова е војна што прави најблиската личност да ти стане толку далечна.
Кога ова би било само филм!
Во тој случај, којзнае како би изгледала реалноста?
Билге Емин е родена во Скопје, 1976 година. Има дипломирано на Факултетот за комуникации, на катедрата за новинарство на Универзитетот во Анкара во 2000 година, а магистрирала на Институтот за социјални науки, на катедра за радио, телевизија и филм. Во 2014 г., ги завршува магистерските студии на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, поточно на катедрата за театарска режија.
Има работено на првото (2004), второто (2005) и третото (2006) издание на Меѓународниот театарски фестивал во Истанбул. Во периодот од 2004-2010 година, била вклучена во Одделот за меѓународни односи во театарските куќи во Истанбул. Има преведено голем број драми од сите балкански јазици на турски. Некои од тие преводи режирани во Турција се: „Живот во тесни чевли“ и „Генерална проба за самоубиство“ од авторот Душан Ковачевиќ, „Празен град“ од Дејан Дуковски, „Генералот на мртвата војска“ од Исмаил Кадаре итн. За преводот на „Генерална проба за самоубиство“ доби награда за најдобар преведувач на 8. издание на Театарски награди во 2010 г.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст