Од 8:30 до 15:30 часот утре без струја ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „157“, „149“, „152“, „146“, „151“, „Аврам Писевски“ и „Бис“ во општина Гази Баба.
Во периодот од 11 до 15 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Ѓорѓи Динката“, „Скендер Бег- Кастриот“ и „Иван Хаџиниколов“ во општина Кисела Вода.
Без електрична енергија од 08:30 до 15 часот ќе бидат корисниците од селата Љубош и Батинци во општина Студеничани.
Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Јуриј Гагарин“ од број 30 до број 60, парни броеви во општина Карпош.
Како што информира РЦУК-Скопје, прекините се поради технички зафати во електро системот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


