Ако сместувањето во Хрватска го плаќате по пат на популарните букинг-портали бидете внимателни, бидејќи сè повеќе изнајмувачи ги виделе сопствените апартмани на неколку портали и тоа под лажно име, предупредува хрватски „РТЛ“.
Забележани се и неколку случаи каде што гостите дошле до апартман што однапред го платиле на измамник, а не на изнајмувачот.
Ермано Першиќ од Брсеќа непријатно се изненадил кога огласот за својот апартман го нашол на неколку други интернет-страници под друго име.
– Идентични фотографии, идентичен текст. Фотографиите што јас ги снимав, текстот што јас го напишав, цените што сам ги ставив – рече Першиќ.
Крадат и лични податоци на изнајмувачот
Слични случаи се забележани речиси во сите жупании, а во Новалје изнајмувачи доживеаја туристите да им дојдат на врата, иако со нив ништо не се договориле.
– На некои се случило, а некои изнајмувачи неколку дена однапред гостите ги контактирале и изнајмувачите им одговориле – ние не знаеме ништо за вас, ние не сме ве контактирале – рече Домагој Вртодушиќ, претседател на Здружението на изнајмувачи на градот Новалје.
Покрај лажираните профили и кражба на фотографии, искусните кибернетски криминалци од изнајмувачите ги крадат и личните податоци преправајќи се дека се гости. Често се преставуваат и како администратори на букинг-портали со кои соработуваат изнајмувачите.
Пријавете ги сомнителните профили
Изнајмувачите така забележале дека лице под име Вјеран Краљ поставува десетици лажни огласи на неколку портали. За помош ја замолиле и Хрватската туристичка заедница.
– Тоа што ние го преземавме е дека веднаш ги известивме најголемите портали што се занимаваат со букинг на интернет да обрнат внимание на тие што нудат сместување и да побараат дополнителна проверка – рече Ратомир Ивичиќ, директор на Хрватската туристичка заедница, за РТЛ.
Изнајмувачите, пак, се повикуваат сите сомнителни профили веднаш да ги пријават на полиција и дополнително да внимаваат кој од нив бара податоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Падна уште еден функционер на СДСМ во Прилеп: Присвоил над 8 милиони денари
-
Лажен доктор му понудил помош и му зел пари – Скопјанец остана без 12.000 денари
-
Тетовка измамила пет лица за 2 500 евра: Лажела дека е пријателка на Оливер Спасовски и нудела работа во јавна администрација
-
Тетовка ветувала вработувања во администрација, пет лица останале и без пари и без работа


