Неидентификувани маскирани напаѓачи денеска ги нападнаа и уништија шаторите што на главниот киевски плоштад Мајдан ги поставија демонстранти, а организаторот на протестот Рустан Ташбаев е уапсен, јави руската телевизија на англиски јазик „Раша тудеј“.
Во близина на Мајдан, во улицата Институтскаја, се слушнале и експлозији. Полицијата, наводно, стоела крај плоштадот, но не се обидела да ги запре напаѓачите кои упаднале меѓу демонстрантите уништувајќи се пред себе и извлекувајќи ги демонстрантите од шаторите
– Ме фатија и ме влечеа како санка. Врескав, мислејќи дека ќе ме претепаат, но многу брзо се разотидоа. Изгледаше како театарска претстава затоа што полицијата беше тука, но не направи ништо, раскажа еден од демонстрантите.
Демонстрантите вчера се собраа на главниот киевски плоштад Мајдан и кренаа шатори, барајќи од украинскиот претседател Петро Порошнеко и од Владата да поднесат извештај за спроведувањето на реформите што неговата Влада ги вети пред една година. Околу 100 демонстранти кренаа најмалку пет шатори на местот на кое минатата година демонстрираа против поранешниот претседател Виктор Јанукович.
Тие бараат Порошенко и неговата Влада да им посветат внимание на граѓаните и да поднесат извештај за процесот на спроведување на реформите што беа ветени минатата година, изјави еден од организаторите Рустем Ташбаев.
Тој истакна дека активистите не бараат оставка на Владата.
– Ние ја почнавме оваа кампања, кренавме шатори и овој протест го нарековме Мајдан 3. Ние бараме тие луѓе да ги извршуваат своите должности што е нивна обврска, рече Ташбаев.
Протестите на Мајдан почнаа во 2013 година како мирна кампања заради тоа што тогашниот претседател Виктор Јанукович не сакаше да ја потпише спогодбата за придружување кон ЕУ. Следеше пучот и новите власти ветија дека ќе спроведат политички и социјални реформи неопходни за исполнување на економските и демократски норми за Украина еден ден да може да влезе во ЕУ. Се чини, меѓутоа, дека Владата не успеа да спроведе конструктивни реформи, бидејќи во земјата завладеа економска криза и таа во голема мера зависи од меѓународните кредитори. На улиците на Киев во саботата беше одржан голем антивладин собир на кој се собраа околу 3.000 лица и кои побараа оставка на Владата и економски реформи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија