Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, во рамки на Самитот на претседатели на „Процесот Брдо – Бриони“, кој се одржува во Будва, Црна Гора, имаше средба со претседателот на Србија, Томислав Николиќ.
На средбата, јави известувачот на МИА, Иванов и Николиќ разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете земји. Заемна оценка е дека Република Македонија и Република Србија имаат традиционално пријателски односи, интензивен политички дијалог на највисоко ниво и соработка во повеќе области од заемен интерес, која во наредниот период треба да се продлабочи.
Двајцата претседатели разменија мислења и информации и за актуелните политичко-економски состојби во двете земји, како и за севкупните состојби во регионот со посебен нагласок за предизвиците поврзани со стабилноста и безбедноста.
Претседателот Иванов синоќа учествуваше на работната вечера на земјите членки на „Брдо-Бриони Процесот“, а предвидено е денеска да има обраќање на пленарната сесија на Самитот.
На состанокот, покрај Иванов, ќе учествуваат и претседателот на Црна Гора Филип Вујановиќ, претседателот на Австрија Хајнц Фишер, претседателите на Хрватска и Словенија, Колинда Грабар – Китаровиќ и Борут Пахор, претседателите на Србија, Албанија и Косово, Томислав Николиќ, Бујар Нишани и Атифете Јахјага, како и претседавачот со Претседателството на Босна и Херцеговина Младен Иваниќ.
Проширувањето на Европската унија, инфраструктурните проекти и енергетската безбедност се дел од клучните теми на годинашниот состанок на лидерите на „Брдо-Бриони Процесот“ во Будва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст