Ситните брчки околу усните настануваат како резултат на губењето колаген, но и на мимичките движења што постојано ги повторуваме. Секако, за нивното настанување, заслужна е и генетиката, но нивната појава не е секогаш поврзана со годините, па тие можат да се појават и во дваесеттите години од животот. Доколку сакате да го спречите нивното појавување или, пак, да ја намалите нивната видливост – еве неколку совети што ќе ви помогнат во тоа.
Престанете да пушите
Никотинот негативно влијае врз еластичноста на кожата, а мимиката која ја правите додека го вовлекувате чадот од цигарата предизвикува појава на брчки околу усните.
Колаген
Хидрантнтниот крем за лице заменете го со крем со колаген. Иако се малку поскапи од обичните хидрантни кремови, оваа инвестиција ќе ви се исплати.
Заштитен фактор
Сонцето е еден од најголемите непријатели на нашата кожа, па затоа морате секогаш правилно да се заштитите. Средствата со заштитен фактор се задолжителни, како налето, така и за време на другите годишни времиња.
Гимнастика за лице
За да ги зајакнете мускулите и за да им го вратите тонусот, секој момент од слободното време искористете го за вежбање. Додека ја гледате вашата омилена серија, направете нешто корисно за својата кожа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


