| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца повредени при експлозија на украински патролен брод

ukraina
Две лица се повредени денеска при експлозија на патролен брод со седум членови на екипажот на украинската Крајбрежна стража во близина на градот Мариупољ во источниот дел на Украина.

Украинската Крајбрежна стража соопшти дека при инцидентот се нанесени сериозни оштетување на бродот, додавајќи дека засега не се познати причините за експлозијата.

Пристаништето Мариупољ се наоѓа на брегот на Азовското Море и е од стратешко значење за Киев, бидејќи тоа е единствениот поголем град во кризниот регион во источна Украина, што е под контрола на украинските власти.

Доколку проруските сепаратисти успеат да го заземат градот, ќе се создаде можност за поврзување по копнен пат на Русија со полуостровот Крим, кој Москва го анектираше лани во март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top