Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура (УНЕСКО) во рамки на Програмата за партиципација 2014 – 2015 година поддржа четири проекти пријавени од Република Македонија, соопшти денеска Министерството за култура.
– Станува збор за проектите „Развојна рамка за клучни компетенции за ЧР професионалци како основа за креирање дуален систем на образовна програма за менаџмент на човечки ресурси“, караванот „Да живееме едни со други, а не едни покрај други“ втор дел, проектот за промоција на природното и културното наследство на Маркови кули и регионалниот предлог проект „Женските права низ призмата на аудиовизуелните уметности во земјите од Југо-Источна Европа”.
Со реализација на проектите за кои УНЕСКО за Република Македонија издвои 115.500 американски долари, според ресорното Министерство, ќе се придонесе за унапредување на меѓукултурниот и меѓурелигискиот дијалог, како и за унапредување на културните, едукативните и еколошките вредности во нашата земја.
– Република Македонија има традиционално одлична соработка со УНЕСКО што се потврдува со учеството на нашата земја во активностите и иницијативите на оваа организација во областа на културата, образованието, науката, комуникациите, информациите, програмите за млади и граѓанското општество, човековите права, како на национално, така и на регионално и меѓународно ниво. УНЕСКО е поддржувач на многу проекти и иницијативи од РМ од различни области како Светската верска конференција, подготовката на менаџмент планот за локалитетот Маркови кули кој е на привремената листа за светско културно наследство, за опожарениот манастир „Св. Јован Бигорски“, одбележувањето на 50 годишниот јубилеј на меѓународната поетска манифестација „ Струшки вечери на поезијата“ и многу други, се вели во соопштението од Министерството за култура.
Во програмата за партиципација на УНЕСКО во изминатите години успешно се реализирани повеќе од 40 проекти од Македонија. До крајот на годината се очекуваат резултатите од Меѓународниот фонд на УНЕСКО за културна разноликост каде Република Македонија аплицираше со четири проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
УНЕСКО ја прогласи реге музиката за културно богатство
-
Охрид СОС реагира: Владата уверува дека охридскиот регион е надвор од опасност, a македонската јавност во мрак
-
СВП и УНЕСКО распишаа конкурс за наградата „Мостови на Струга“
-
Охрид SOS: Истече првиот рок на Комитетот за светско наследство на УНЕСКО