Демонстрантите го блокираа патот по кој треба да минат лидерите кои ќе учестуваат на средбата Г-7, јавуваат светските медиуми. Демонстрантите испоседнале на патот кој води до хотелот во кој подоцна треба да се сретнат на самитот лидерите на Г-7. Поради ова претседателите на државите биле приморни да допатуваат со хеликоптер. Полицијата на Баварија соопшти дека на патот седеле 12 демонстранти, а по разговорот со полицијците, седум од нив добровлно станале, а останатите пет полицијата ги одвлечкала од патот.
Полицијата ги блокирала демонстрантите кои се на патот кој води до Гармиш-Партенкирхен, спречувајќи ги да пријдат до хотелот каде што ќе се сретнат лидерите.
Германската канцеларка ќе ги поздрави лидерите на Велика Британија, Канада, Франција, Јапонија, Италија, САД и Европската униија на самитот на кој фокусот ќе биде на прашањата за климатските пормени, немирите во Блискиот исток и порастот на насилството во Украина, наведува „Ројтерс“.
Повеќе од 22 илјади полицајци се ангажирани во обезбедуање на самтитот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст