Светската економија е во опасност од тонење со оглед на слабиот раст, освен ако не се применат насочените мерки за стимулирање на побарувачката и развој на бизнисот, објави во извештајот, Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).
Во извештај на организацијата се разгледани голем број на компоненти на глобалната економија. Најмногу загрижувачки изгледа фактот дека невработеноста во земјите од ОЕЦД е намален само за 1 процентен поен во споредба со историскиот врв од 2010-та година.
Според аналитичарите на ОЕЦД до крајот на 2016-та година над 40 милиони луѓе ќе останат без работа, што е за 7,5 милиони повеќе пред кризата.
Претходно оваа недела организацијата ја намали прогнозата за растот на светската економија, посочувајќи дека инвестициите заостануваат, а ризиците, вклучувајќи евентуален грчки банкрот, влијаат на довербата.
Според експертите глобалната економија годинава ќе порасне за 3,1% оваа година, што е забавување во однос на проектираните 3,7% во октомври минатата година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.