Риба на трска, специјалитет од икра, просеник, баклава, пекарски јадења, дојрански слатки се дел од јадењата кои вредните дојранчани им ги понудија на посетителите на годинешниот „Гурман фест“.
Манифестацијата која традиционално се одржува по трет пат во Нов Дојран ја посетија голем број мештани и туристи, кои додека ја дегустираа трпезата ги забавуваа пејачи од македонската естрада.
– Оваа година се претставувам со икра од риба, автентично дојранско јадење. Се приготвува со икра од исчистена риба, кромид, јајца, брашно, се пржи во врел зејтин и многу е вкусно – вели Анита Тасева, една од учесничките и додава дека дојранската кујна не е многу тешка да се научи.
На фестивалот се подготви и традиционалната риба на трска.На манифестацијата Гурман фест се претставија и жители на градот со свои везени ракотворби.
За градоначаникот на Дојран Борче Стамов, ова е една од поважните манифестации со која се отвора дојранското лето и која веќе се претвора во традиција за ова туристичко место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст