Ирачките вооружени сили, денеска, со помош на противтенковски ракети спречија самоубиствени напади на борците на Исламска држава, информираат француските медиуми, цитирајќи воен извор.
Владините сили употребиле руски противтенковски комплекси „Корнет“ за уништување на два автомобила бомби, а третиот автомобил, што бил натапкан со експлозиви, бил уништен со воздушен напад во регионот на Надхим ат Таксим, западно од Багдад.
Портпаролот на Министерството за внатрешни работи прецизираше дека всушност биле уништени четири возилабомби и дека во регионот бил изведен воздушен напад од коалициските сили предводени од САД. Во четвртокот ирачките безбедносни сили употребија ракети за попречување на самоубиствените атентати со автомобили бомби врз две бази на армијата во провинцијата Анбар, од која поголем дел е во рацете на Исламска држава, вклучувајќи ја и престолнината Рамади.
Минатиот месец ИД употреби огромен број камиони со експлозиви и на 17 мај успеа да го заземе Рамади. САД, во одговорот на настапувањето на ИД, во регионот испратија 2.000 противтенковски системи АТ4, за да им помогнат на ирачките сили да ги неутрализираат камионите бомби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.