| четврток, 6 декември 2018 |

Американец загина а двајца се ранети при воено тестирање во Бугарија

Еден Американец загинал и уште четворица мажи од кои двајца Американци, се ранети во текот на тестирање на оружје во местото Анево, во централна Бугарија, објавија тамошните медиуми.

dfggfd

Градоначалникот на Сопот, Веселин Личев, потврди дека жртвата и двајцата од четворица ранети се припадници на странска мисија, навестувајќи дека станува збор за трговци со цивилно оружје, но не го прецизираше нивното државјанство, пренесува Бугарското национално радио (БНР). Според радиото, еден од Американците е тешко ранет и лекарите се борат за неговиот живот.

Инцидентот се случил во текот на тестирањето на фрлач на ракети на полигонот „Сопот“, наведе бугарското министерство за внатрешни работи потврдувајќи ја информацијата за еден загинат и четворица ранети.

Причина за несреќата е неисправна муниција произведена 1984 година која припаѓа на приватна бугарска компанија „Алганс“ која се занимава со продажба на оружје, изјави министерот за економија Божидар Лужарски.

Овој полигон е лоциран недалеку од Иганово, место каде што неодамна имаше, исто така, експлозии.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top