| четврток, 6 декември 2018 |

Шешељ се повлекува од политика

шешељЛидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ објави дека поради тешката болест времено се повлекува од политиката.  Вчера Шешељ првпат ја пропушти редовната партиска прес-конференција, а малку по неа изјави дека неговото здравје се влошило до степен што не може активно да се занимава со политика. Шешељ објави дека има висока температура и дека многу тешко ја поднесува хемотерапијата, на која е подложен поради рак на дебелото црево.

Доктор Милован Боиќ, шеф на лекарската екипа на Шешељ, изјави дека буквално деноноќно го следат пациентот, кој е целосно дехидриран, лицето му е парализирано и имунитетот драстично намален.

Лидерот на Српската радикална партија е обвинет во Меѓународниот трибунал во Хаг за злосторства врз Хрвати и муслимани во Хрватска, српската област Војводина и Босна и Херцеговина во периодот од 1991 до 1993 година. Тој беше времено ослободен на 6 ноември минатата година поради влошување на здравствената состојба.

На барање на обвинителството на трибуналот Апелацискиот совет нареди Шешељ да биде вратен во Хаг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top