| четврток, 6 декември 2018 |

Во првите четири месеци пад бележи и увозот и извозот

размена

Во првите четири месеци од годинава вкупната размена во странство изнесува 3,3 милијарди долари, од кои вредност на извозот на стоки изнесува 1,35 милијардa долари, а на увозот на стоки 1,99 милијарди долари.

Според податоците на Државниот завод за статистика, покриеноста на увозот со извоз е 67,6 отсто. Трговскиот дефицит во периодот  јануари-април 2015 година изнесува 647 милиони американски долари.

Увозот во овој период бележи пад 4,2 отсто, а извозот 1,4 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот e најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и други метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.

Најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ со 77отсто и земјите од Западен Балкан со 11,3. отсто. И во увозот на стоки најголемо учество имаат земјите-членки на ЕУ со 62,9 отсто и Останати земји, на друго место неспомнати со 11,7 проценти.

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија, на кои отпаѓа 50,4 отсто од вкупната надворешно-трговска размена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top