| четврток, 6 декември 2018 |

По вторпат во Скопје – Спротски град

scm-sport-city-za-portali-news

И оваа година, по вторпат Скопје сити мол се претвора во Спортски град. Концептот „Спорт Сити” е насочен кон промоција на спортот и здравиот начин на живеење. Со овој настан се овозможува поголема заинтересираност за спортот, воедно и поттик на младите за сè почесто да го практикуваат.

Настанот ќе се одржи во времетраење од три дена (5-7 јуни 2015 год), проследени со богата програма и многу активности, а сите кои сакаат да го посетат се добредојдени.

 

5 јуни петок: Промоција на спортски фередации на Република Македонија

Спортските Федерации ќе ги презентираат своите спортови, подржани и организирани од страна на Сојузот на спортски федерации на Република Македонија.

Промоцијата на спортовите ќе ја најави Директорот на Агенцијата за млади и спорт, господин Маријан Спасески во 18.00 часот. Исто така, ќе се обратат и претседателот на Сојуз на спортови на РМ и претставник од менаџментот на Скопје сити мол.

 

6 јуни сабота: Симултанка во шах и пинг – понг

Ќе биде одржана симултанка во шах и пинг понг, во кои ќе може да се вклучат сите посетители.

 

7 јуни недела: Sport Shopping Chalenge и часови по зумба/ аеробик/ пилатес/ јога

Ќе се одржи првиот спорт шопинг предизвик во Скопје сити мол, на кој купувачите со сметка над 3000 денари, ќе може да се пријават и да ја истрчаат шопинг мапата, да ги набават работите од листата и доколку освојат добар резултат да ги добијат истите.

 

Спортски мол на сите страни е сликата која во попладневните часови ќе ја има во Скопје сити мол, односно зумба, аеробик, пилатес, јога часови во кои ќе може да се приклучи секој посетител кој има желба за вежбање.

 

Ова е можност за сите млади да се запознаат со спортовите, предизвиците, бенефитите и успесите на големите великани од спортот, а воедно е и голем поттик да започнат да ги практикуваат истите. Воедно, за време на настанот сите посетители ги очекуваат големи попусти на спортска опрема во продавниците низ Скопје сити мол.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top