Од денес, сите заинтересирани граѓани имаат можност да се пријават на првиот хакатон за климатските промени во Македонија и да предложат нови идеи и модули за надградба на апликацијата „Патувај зелено“ – www.skopjegreenroute.mk
Победничката идеја ќе биде наградена со 1.000 УСД, наградата за второ место ќе изнесува 750 УСД, а за трето 500 УСД.
Хакатонот ќе трае 48 часа и ќе се одржи во Ценарот за Социјални Иновации – во склоп на Факултетот за информатички и компјутерски технологии (ФИНКИ), почнувајќи од 17:00 часот на 26ти јуни 2015.
Натпреварот е отворен и за поединци и за тимови. Единствениот услов за пријавување е во секој тим да биде вклучен барем еден Андроид програмер.
По завршетокот на 48-часовен хакатон, 50% од гласовите ќе бидат доделени од експертско жири, додека другите 50% од гласовите ќе бидат доделени од јавноста, преку социјалните медиуми.
Победничките решенија ќе бидат целосно развиени и ќе станат дел од Патувај зелено 2.0.
Сите заинтересирани можат да аплицираат на следниот линк: http://hackathon.socialinnovation.mk
‘Патувај Зелено’, за прв пат беше пуштена во употреба во 2014 год, и ги снабдува сите кои се во движење во Скопје со најпотребните информации за да ја испланираат најбрзата, најефтината и најзелената рута до посакуваната дестинација, благодарејќи на „гугл трансит“ алатката. Апликацијата исто така нуди корисни информации за автобуски постројки и места каде што можат да се изнајмат велосипеди.
Настанот е во организација на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Град Скопје и ФИНКИ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст