| четврток, 6 декември 2018 |

Стар лисец, Сеп Блатер ја завел Ирина Шајк!?

sep blater

Иако разликата во години меѓу Сеп Блатер и Ирина Шајк е половина век, стариот лисец нашол начин како да ја заведе поранешната девојка на Кристијано Роналдо.

Како што пренесува шпанскиот медиум „Мундо“, Блатер, кој важи за голем „женкар“, успеал да ја заведе и преубавата Шајк.

Тој бил во врска со Русинката пред да ја официјализира новата девојка Линда Барос во 2014 година.

Блатер зад себе има неуспешни три брака. Со Лилијан Бинер ја има ќерката Корин, потоа застана пред олтар со ќерката на генералниот секретар на ФИФА, Барбара Касер и по трет пат во 2002 година ја ожени дресерката Грациела Бланка.

Блатер беше на претседателското место на ФИФА цели 17 години сѐ до овој вторник кога поднесе оставка по само неколку дена од неговиот реизбор по петти пат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top