| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватска поради влез во ЕУ, ќе се откаже од виното „прошек“

Поради влезот во Европската унија, на 1 јули, Хрватска мора да се откаже од продажба на виното „прошек“ бидејќи тоа потсетува на заштитениот италијански вид вино „просеко“, соопшти Министерството за земјоделство во Загреб.

Министерството ги повика произведувачите на далматинското десертно вино „прошек“ бизнисот да го водат според новите услови, бидејќи по влезот во ЕУ, нема да можат да го користат тоа име, дури и на шишињата што ги имаат како резерва.

Хрватска во текот на преговорите истакна дека „прошеко“ и „просеко“ не се пишуваат исто и дека станува збор за сосема различни производи, но Европската комисија бараше повлекување на тоа барање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top