Дента кога беше постигнат договорот на лидерската средба за нови парламентарни избори најдоцна до април 2016 година на сметките на 31 народен избраник од редот на СДСМ стигна 12-тата по ред пратеничка плата од околу 1.200 евра, пишува Дневник.
Вечерта на 2 јуни се чинеше дека тоа ќе бидат последните народни пари што ќе бидат исплатени на опозициските пратеници без да доаѓаат на своето работно место. И покрај постигнатиот договор пред три дена за нови избори, поради што пратениците од коалицијата на СДСМ првично не ги прифатија мандатите и останаа надвор од парламентот, тие и понатаму нема да доаѓаат на работа поради ултиматумот за преодна влада, пишува весникот.
– До договор за формирање формат и состав на влада што ќе организира слободни, фер и демократски избори, беспредметно е да се отвора кое било друго прашање – одговараат од СДСМ.
Од партијата на Зоран Заев вчера за Дневник не дале одговор дали на лидерската средба еврокомесарот добил уверување од лидерот на СДСМ дека пратениците ќе се вратат во парламентот.
Kако што е познато, Собранието редовно им исплаќа плата на опозициските пратеници. Тоа значи дека на народниот избраник, чиј мандат е верификуван, му тече стаж, му се плаќаат придонеси, но и му се исплаќа плата (околу 1.200 евра, односно околу четири просечни плати). Во согласност со пресметките за плата на пратеници, ова значи дека секој од пратениците од листите на партијата на Зоран Заев досега добил по околу 15.000 евра.
Месечно за овие парламентарци Собранието троши околу 55 илјади евра народни пари за сите 31 пратеник или досега вкупно неверојатни 685 илјади евра, пишува Дневник.
Притоа опозиционерите земаат цел месечен доход без да им биде скратен ни денар поради нивното отсуство иако постојат одредби во собранискиот Деловник и во Законот за Собранието за казни за пратениците што неколкупати едноподруго нема да учествуваат во работата на Собранието и во неговите тела. Досега не беше искористена ни деловничката можност на пратениците кои се во бојкот да им се исплаќа само една третина од платата. Ситуацијата е непроменета и во однос на двете собраниски седници со кои може да се разреши статусот на народните избраници од листите на СДСМ – онаа за оставките и онаа за одземање на нивниот мандат.
Тие беа одложени од претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски на неодредено време за да се остави простор за политичко решение за кризата и враќање на опозицијата во парламентот. Од друга страна, ниту пратениците на СДСМ не ги враќаат парите што Собранието им ги префрла како плата, ниту се појавуваат на седница за усно и лично да ја поднесат оставката, по што нејзиното констатирање би било неизбежно уште веднаш. Од СДСМ веќе со месеци се на ставот дека ако владејачкото мнозинство не сака да им исплаќа плата, едноставно може да им се констатираат оставките.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст