Во индустриската зона „Караслари” во општина Велес, каде наскоро се очекува да започне со работа првата фабрика на германската компанија „Маркарт”, во тек се активностите за инфраструктурно уредување.
Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев денеска информираше дека интензивно се работи на асфалтирање и уредување на пристапниот пат.
– Претходно од страна на локалната самоуправа беше изграден и водоводен и канализационен систем за потребите на стопанските објекти кои се градат, рече Чадиев.
Во индустриската зона Караслари која се наоѓа на атрактивна локација во близина на автопатот, досега се продадени шест парцели.
– Се очекува во неа свое вработување да обезбедат околу илјади работници – изјави Чадиев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст