Утре, на 5 јуни, на сцената на Македонскиот народен театар (МНТ) во Скопје гостува Народно позориште од Белград со претставата „Бело кафе“ (20 часот) во склоп на вториот Меѓународен театарски фестивал МНТ-Фест.
Автор на текстот е Александар Поповиќ, а режисер е Милан Нешковиќ. Адаптацијата е на Милан Нешковиќ и Молина Удовички-Фотез, која е и драматург на претставата.
Драмата на Поповиќ „Бело кафе“ наведува на помислата дека театарскиот концепт на овој угледен автор се менува во најновиот период на создавање. Меѓутоа, оваа помисла, може да се прифати само условно.
Сите шест ликови во „Бело кафе“ имаат потреба да го објаснат не само она што го чувствуваат како интимно прашање или дилема, туку и сè она што се случува, сè она што некогаш се случувало, или она што ќе се случува во иднина. Јунаците на Поповиќ се создадени од противречност, тие се сакаат и се мразат, уживаат и се презираат, бегаат едни од други за да се навредуваат, тие се верници и неверници, сигурни и несигурни, тие се составени од доблести и недостатоци на обичните луѓе. За волја на вистината неговите јунаци патат и кога се радуваат, и се смеат кога животот ги потиснува. Но сепак
нивната главна доблест е страствената виталност која им овозможува да ги преживеат сите општествени процеси, промени, кризи, расколи и од сето тоа да излезат користејќи ја нивната итрина како сопствен клуч.
Поради тоа „Бело кафе“ може да се нарече драма на умешноста на преживувањето.
Милан Нешковиќ e роден 1985 година во Ваљево. Дипломирал театарска режија на Факултетот за драмски уметност. Ова му е четиринаесетта театарска претстава, тринаесетта по делата на српските писатели и втора во Народно позориште во Белград. Претставите во негова режија освоиле повеќе од триесет награди на разни фестивали.
Покрај театарот тој се бави со повеќе работи во полето на културата. Еден е од основачите на „Миксер“ фестивалот, најголемиот фестивал на иновативност и креативност на Балканот. Долгогодишен креативен директор е на фестивалот „Кустендорф“ во организација на познатиот режисер Емир Кустурица на кој воедно и му асистирал на новиот филм под име „На млечниот пат“.
Во претставата играат: Бранко Видаковиќ, Олга Одановиќ, Павле Јериниќ, Вања Ејдус Ненад Стојменовиќ, Нада Шаргин, Предраг Ејдус и Небојша Бабиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст