Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска се сретна со специјалниот претставник на Парламентарното собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа Роберто Батели и амбасадорот Андреас Нотеле, специјален претставник на Парламентарното Собрание на ОБСЕ во Виена.
На средбата, како што соопштија од Кабинетот на Вељаноски, се разговарало за актуелните случувања во државата, можните исходи од моменталните политички случувања, како и за тековните активности на македонското собрание и посветеноста на Македонија во остварување на реформите за што поскоро отпочнување на пристапните преговори за влез во Европката унија и НАТО.
– Претседателот Вељаноски го поздравил постигнатиот договор помеѓу лидерите на политичките партии за надминување на несогласувањата и изрази надеж дека наскоро Собранието ќе почне да функционира во полн состав бидејќи работата на Собранието и неговиот придонес во функционирањето на една држава е од исклучително значење.
Соговорниците се согласија дека политичката дебата треба да се одвива во Собранието бидејќи собраниската говорница е најдобар инструмент преку кој може да се изразат мислењата и ставовите. Затоа опозицијата треба конструктивно да учествува во работата на Собранието, се вели во соопштението од кабинетот на претседателот на македонското Собрание. Специјалниот претставник на ПС на ОБСЕ за Југоисточна Европа Роберто Батели истакнал дека е потребно да се имплементира договорот кој политичките партии го постигнаа во посредство со Комесарот Хан, особено, како што нагласил, забелешките во однос на Изборачкиот список за да се избегнат бројни шпекулации во иднина. Потребно е, рекол, да се работи на тоа граѓаните да ја вратат довербата во институциите, а ова е клучен момент во таа насока.
На крајот на средбата соговорниците изразиле надеж дека сите засегнати фактори ќе дадат позитивен импут за подобрување на политичката клима во државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.