| четврток, 6 декември 2018 |

Попладне и утре пороен дожд, грмежи и ветер

дозд

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најави дека денеска и  утре Македонија ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од исток, која веќе од пладневните часови наместа условува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во северните и во источните делови од земјава.

Локално можно е врнежите да бидат поинтензивни. Врнежи ќе има и во вечерните часови кои ќе бидат полокализирани.

Утре времето ќе биде променливо и нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен североисточен ветер. Наместа е можно процесите да бидат поинтензивни, локално во форма на невреме.

За време на викендот, во јужните и планински делови сѐ уште ќе има услови за локална појава на краткотраен дожд и ретки грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top