| четврток, 6 декември 2018 |

Огрбена црквата во Пештани

Во текот на вчерашниот ден во охридско село Пештани непознат сторител извршил кражба на пари од црквата „Св. Никола“.

Крадецот преку отворената врата влегол во внатрешноста на црквата и со употреба на алат насилно ја отворил металната каса при што одзел околу 1.000 денари по што го напуштил местото на настанот.

Од страна на СВР Охрид е извршен увид и работи на расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top