Проруските сепаратисти сѐ уште го држат под контрола „привремено окупираното“ подрачје на Донбас само благодарение на руското оружје бидејќи од проектот за создавање на „Новорусија“ веќе се откажаа и неговите творци, изјави украинскиот претседател Петро Порошенко.
– Дури и во привремено окупираните региони на Доњецк и Луганск, сепаратистите сѐ уште се на власт само благодарение на руските бајонети. Авторите и промотерите на „Новорусија“ го закопаа овој проект пред неколку недели – порача Порошенко во обраќањето пред членовите на украинската Врховна Рада.
Како што јави Укринформ, Порошенко нагласи дека кога непријателот започнал со агресија на Крим и Донбас во периодот февруари-март 2014 година, планирал за една година Украина да биде избришана од политичката карта на Европа.
– Кремљ се надеваше дека бацилите подготевни од руските специјални сили ќе предизвикаат ширење на сепаратизмот во сите источни и јужни (украински) региони, но таа идеја никаде не беше поддржана од мнозинството жители, дури ни во Донбас – рече Порошенко
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.