
Во воздушен напад во Ирак целосно е уништена една од најголемите фабрики за бомби на припадниците на екстремистичката ИД, а како што соопштуваат официјалните власти, експлозијата се слушнала на километри оддалеченост.
Во нападот била погодена фабриката на влезот во градот Хави во северен Ирак, која се користи за полнење на возилата со експлозив за самоубиствените и другите напади на ИД.
– Фабриката во која имаше тенкови, оклопни возила и голема количина експлозив беше најголема фабрика во Ирак и во Сирија – вели за АФП претставник на војската на Ирак.
Тој додава дека во експлозијата загинале голем број припадници на ИД, но дека има жртви и меѓу цивилното население.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


