| четврток, 6 декември 2018 |

За денеска се најавуваат дождови, нестабилноста продолжува и утре

vr

Претежно сончево утро во западната половина од земјава, додека на исток пооблачно. За разлика од претходните неколку дена, во 7 часот денеска е малку потопло. Според УХМР, измерена е следната темература:

18 °С Гевгелија и Скопје (З.Рид)
17 °С Тетово
16 °С Демир Капија, Претор, Прилеп, Битола Виница и Штип
15 °С Охрид
14 °С Крива Паланка и Струмица
9 °С Берово

Метеопро најави дека денеска очекуваме температура слична на вчерашната, односно од 30°С до 33°С долж Повардарието и од 27°С до 30°С во останатите низински места.

Облачноста во источниот крај полека ќе се расчисти претпладнево, па претпладнето и таму ќе помине во претежно сончево време. Попладне се очекува развој на нестабилна, купесто дождовна облачност, која ќе донесе локален дожд и грмежи во поголем дел од земјава. Повремено врнежите ќе имаат пороен карактер.

Нестабилното време продолжува и утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top