| четврток, 6 декември 2018 |

Поткажувачот на ФИФА: Земавме мито за организирање на СП во Франција и во ЈАР

blazer-S1_844167S1Поткажувачот на ФИФА, Чак Блејзер, со чиешто сведочење беше покрената лавина од апсења и истраги за корупција во светската фудбалска органиација, откри нови детали за примање мито и за организирање светски првенства.

Блазер тврди дека извршниот одбор на ФИФА земал пари и за доделување на СП во Франција во 1998 година, но и за СП во Јужна Африка во 2010 година. Поранешниот адвокат на КОНКАКАФ се спогодил со Министерството за правда на САД и сега открива неверојатна мрежа на корупција која ја сплела ФИФА.

Блазер признал дека тој и уште една личност примиле мито за да ѝ помогнат на Франција, односно ЈАР да бидат избрани за домаќини на СП.

Се чини дека ваквите признанија во следните денови ќе се зголемат, а прашање е дали некој ќе сака да покрене обвиение и против долгогодишниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер.

ФБИ, кој ги истражува сомнителните и корупциските процеси во ФИФА, ќе го истражува и доделувањето на организирањето на светските првенства што треба да се одржат во Русија во 2018 година и во Катар 2022 година, тврдат анонимни извори од ФБИ.

Со истраги за изборот за домаќини на СП во 2018 и во 2022 година се занимава и швајцарското државно обвинителство.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top