Повеќенаменско спортско игралиште финансирано од УСАИУД во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО) и од општина Кичево денеска беше пуштено во употреба во населбата Пашино, во кампусот на Основното училишпте „Санде Штериоски“.
На свеченоста присуствуваа амбасадорот на САД Џес Бејли, министерот за образованије и наука Абдулаким Адеми и градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари.
Во своето обраќање амбасадорот на САД Џес Бејли истакна дека станува збор за позитивна приказна која се случува во „Санде Штериоски“ и во низа училишта низ Македонија.
– Ова е охрабрувачка приказна за младите луѓе од Македонија и нивната иднина. Оваа приказна за создавање етничка хармонија меѓу учениците, нивните родители, наставници и соседи, исто така, треба да се пренесува и зајакне, истакна Бејли
Министерот Адеми го посочи училиштето „Санде Штериоски“ како модел за зајакнување на соживотот во оваа мултиетничка средина.
Благодарност за помошта од УСАИД до амбасадорот и владата на САД искажаа градоначалникот Дехари и директорот на училиштето Лулзим Мехмеди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


