| четврток, 6 декември 2018 |

Игуаин и Андухар на мета на незадоволни навивачи на Наполи

VfL Wolfsburg - SSC Napoli
Незадоволни од необезбеденото учество во квалификациите за Лигата на шампионите по поразот во неделата од Лацио (2:4) на домашен терен, навивачи на Наполи ги нападнаа играчот Гонзало Игуаин и голманот Мариано Андухар.

15-ина гневни навивачи бесот го истуриле врз Игуаин кој промаши пенал при резултат 2:2. Додека Аргентинецот бил во такси на раскрсница во близина на стадионот со неговиот брат и мајка му пришле разлутените навивачи и почнале вербално да го навредуваат и да удираат по таксито.

Голманот Андухар се наоѓал во сопствениот автомобил кога бил нападнат, но за среќа и тој како и Игуаин минал без повреди, а автомобилот му бил видно оштетен.

Италијанската полиција презема мерки за расчистување на инцидентите. зс

Игуаин и Андухар во инцидентите минале без посериозни повреди.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top