| четврток, 6 декември 2018 |

Еден загинат во сообраќајка на патот Струга-Дебар

Вчера околу 11,00 часот на регионалниот пат Струга-Дебар поточно во село Враништа се случи сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „волксваген пасат“ со охридски регистерски ознаки и велосипед управуван од Михаил С. (79) од село Враништа.

Од незгодата Михаил се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ за укажување на лекарска помош, но околу 17,30 часот им подлегнал на повредите.

Од страна на Полициската станица „Струга“ и Јавното обвинителство извршен е увид на местото на настанот и се работи на целосно расчистување на случајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top