| четврток, 6 декември 2018 |

Албански државјанин пазарел во Струга со фалсификувани пари

20Euro_01

Струшката полиција поднесе кривична пријава против 34-годишниот В.Џ.(34) од Берат, Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „фалсификување пари“.

Како што информира потрпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, на 24-ти минатиот месец, пријавениот во продавница во Струга купил електро-опрема и при тоа, платил со фалсификувана банкнота од 20 евра.

– Настанот се случил околу 13 часот кога сега пријавениот со три други лица од Албанија пристигнал во Струга со намера да купат автомобил. Во продавница за електро-опрема лоцирана во градскиот пазар, пријавениот купил електро-опрема во вредност од 250 денари при што, на вработените им понудил банкнота од 20 евра. Тие, по извесно време откако се посомневале дека се работи за фалсификувана банкнота, настанот го пријавиле во полициска станица по што В.Џ. е пронајден во близина на пазарот, вели Димоски.

По наредба на јавниот обвинител, во Народната банка на Република Македонија во Скопје е извршено вештачење на спорната банкнота од 20 евра и е констатирано дека банкнотата е фалсификувана.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top