Поранешниот американски разузнавач Едвард Сноуден ја критикуваше Велика Британија поради тоа што игра активна улога во мрежата за шпионирање, која ја формирала американската Агенција за национална безбедност и нагласи дека со тоа се жртвувани правата и потребите на британските граѓани.
– Зошто британската Влада е толку таинствена? Од што се плаши толку, од своите граѓани? Се плашат од штетна јавна дебата. Бидејќи кога јавноста би знаела што прават, би можеле да ги тужиме и да ги победиме…Британската Влада не се обидува да ги сочува граѓанските слободи, туку да ги ограничи, изјави Сноуден, одговарајќи на прашање на лондонската публика преку видеолинк во органзиација на „Амнести интернешнл“.
Во прашањата и одговорите, кои траеа 40 минути во пресрет на специјалното прикажување на документарниот филм Сноуден „Граѓанинот четири“, награден со Оскар, тој истакна дека шпионирањето со масовни размери не е ефикасно во фаќање на терористите, но и овозможува на Владата да „копа по животите на послушните граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.