| четврток, 6 декември 2018 |

Кој му ги облече „зебра“ пантолоните на Давид?

11391703_775101439277658_7026223213099029491_n

Црно-белите пантолони на пруги, со кои македонскиот кандидат Давид Темелков настапи во еден од концертите во живо на „Икс-фактор“, предизвикаа многу реакции кај публиката.

119938-2

За повеќето тоа беше одлична прилика за нови шеги на сметка на стилистите од втората сезона на шоуто.

На мета најчесто се наоѓа и хрватската водителка Антонија Блаче, особено по минатата емисија, кога се појави во црвена каубојска кошула, за која твитерџиите се надминаа во своите мајтапи.

11295605_774435319344270_1318646229344464337_n

Годинава официјален стилист на шоуто е Србинката Вања Пантин, која во моментов работи и како моден уредник на магазинот „Hello“.

Slika-1-VP

За неа велат дека е препознатлива по својот модернистички и авангарден стилски израз, преку кој суптилно прави микс на различни стилски правци.Пантин е и една од најангажираните и најпознатите српски стилистки.

1888827_771739812947154_33055614759338455_o 10407759_771731089614693_885439021231206153_n facotr3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top