| четврток, 6 декември 2018 |

Игор Трпчески освои две награди на фестивал на монодрама во Албанија

Игор Трпчески, актер на Народниот театар „ Војдан Чернодрински “ од Прилеп, освои две значајни награди на 14 Интернационален фестивал на монодрама „ Алба Моно , кој се одржа во албанскиот град Корча.

delirium-tremens

 

За својот авторски проект-монодрамата „ Делириум тременс“, Трпчески освои награда за најдобра машка улога и специјална награда од мрежата на Новата европска театарска асоцијација- НЕТА. Претставата се игра по текст на Благоја Ристески Платнар и е копродукција меѓу театарот „ Војдан Чернодрински “ и Театарската работилница од Прилеп.Трпчески ги освои наградите во конкуренција на фестивалски учесници од Русија, Србија, Косово, Црна Гора , Албанија и Македонија.

За наградите одлучуваше жирито во состав : Благоја Стефановски -претседател и Замира Кита и Ахмет Јакупи, членови.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top