| четврток, 6 декември 2018 |

И амбасадорот Бејли се приклучи на средбата со Хан

11211970_10153872369282971_629345331_o

Американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли се приклучи на разговорите на еврокомесарот Јоханес Хан со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претседателите на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи што веќе неколку часа траат во резиденцијата на Делегацијата на ЕУ во Скопје.

На разговорите за изнаоѓање решение за излез од политичката криза во Македонија,  што почнаа претпладнето околу 9 часот, присуствува и амбасадорот на ЕУ Аиво Орав.

11287763_10153872369152971_936601232_o

Премиерот Груевски е придружуван од шефот на неговиот кабинет Мартин Протуѓер и министрите за надворешни работи и за здравство Никола Попоски и Никола Тодоров. Заев, пак, на средбата со Хан дојде со Радмила Шекеринска и Петре Шилегов. Ахмети е придружуван од пратеникот Артан Груби и министерот за образование Абдилаќим Адеми, а Мендух Тачи кој последен дојде на средбата  го придружува Луан Треси.

Засега нема никакви информации за текот и содржината на разговорите, ниту дали Хан разговара со Груевски и Заев одделно или на заедничка средба.

11347453_10153872369417971_1172529988_o

Денешните разговори се продолжение на дијалогот започнат во Стразбур пред три недели, во кој посредуваа Хан и тројцата европратеници Иво Вајгл, Едуард Кукан и Ричард Ховит. Во меѓувреме во Скопје се одржаа и три лидерски средби на кои не беше постигнат договор за начините за надминување на политичката криза.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top