
Работници на гробишта ископале штотуку закопан гроб, откако слушнале викање и тропање еден час откако е погребана 45-годишна жена.
Го земале алатот, но бидејќи ништо не можеле да најдат, го откопале гробот на жената, која се разбудила и сфатила дека е жива закопана. За жал, неименуваната жена умрела пред да биде спасена на гробиштата во близина на Солун. Таа се задушила.
Сега на ред е полицијата, која треба да испита зошто жената, која се лекувала од рак, е прогласена за мртва.
-Едноставно, не верувам во тоа. Направивме неколку тестови, Невозможно е некој во состојба на мртовечка вкочанетост да вика и удира во сандакот – вели еден од лекарите.
Се очекува патологот да го прегледа телото и да го каже своето мислење, а во меѓувреме семејството на починатата жена најавува дека ќе поднесе тужба против медицинскиот персонал, кој бил одговорен за нејзиното лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


