| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионката Шарапова елиминирана од Ролан Гарос, Федерер се пласираше во четврт-финалето

French Open tennis tournament at Roland Garros

Марија Шарапова ќе нема можност да го брани трофејот од минатата година на Ролан Гарос откако денеска во осминафиналето беше елиминирана од 13. носител Луси Сафарова со 2-0 (7-6, 6-4).

Сафарова, која е 13. носителка, успеа да ја победи Шарапова, која во изминатите три години стигнуваше до финалето на Ролан Гарос и е актуелна шампионка од минатата година.
Сафарова во четврт-финалето ќе ги одмери силите со Шпанката Гарбине Мугуруза, која ја совлада италијанската тенисерка Флавија Пенета со 6-3, 6-4.

French Open tennis tournament at Roland Garros

Роџер Федерер денеска по продолжување на вчерашниот натпревар против Гаел Монфис, кој беше прекинат поради темница при резутат 1-1 во сетови, одигра фантастичен натпревар и за помалку од еден саат го скрши отпорот на Французинот и заслужено се пласираше во четврт-финалето.

Федерер славеше со 3-1 ((6-3, 4-6, 6-4, 6-1), а во четврт-финалето ќе се сретне со својот сонародник и добар пријател Станислас Вавринка, кој со максимални 3-0 беше подобар од уште еден Французин Жил Симон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top