| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Подигнатиот кредит е срам за секој министер

kredit
Најголемата опозициска партија СДСМ упати сериозни обвнувања до поранешната министерка Гордана Јанкуловска, откако во вчера презентираната бомба можеше да се чуе нејзиното лично признание дека подигнала кредит за да купи стан.
Јанкулоска во презентираните разговори на соговорник (н.з. Иво Котевски) му признава дека таа и сопругот поднеле заеднички барања за кредит, за да може да купат стан во кој би живееле.
Од редовите на опозициониот блок велат дека е неприфатливо еден министер да мора да подига кредит за да купи стан.
„Јанкуловска добро знае многу примери на министри кои не морале да се задолжуваат кај банки и да ги брукаат институциите кои ги претставуваат, кога луѓето ќе ги гледаат како аплицираат за кредити“, велат наши извори од СДСМ.
„Ужасно, многу лош потег е тоа за министерството кое го претставува и општо за владата. Во наше време не се знаеше министер да побара кредит, немаше потреба од такво нешто. Уште еден доказ дека во наше време министрите подобро живееа. Јанкуловска е срам за секоја власт и затоа добро е што поднесе оставка“, изјави екс-функционер на СДСМ.

Кромиди Запад

***  Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.  

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top