| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановските навивачи го нападнаа коментаторот на МТВ, Бранко Чупевски

По завршувањето на регуларниот дел од вчерашниот натпревар од финалето на плејофот меѓу Куманово и МЗТ, кој во најмала рака беше спорен, гневните навивачи на клубот од Куманово го нападнаа нивнарот на МТВ, Бранко Чупевски, кој синоќа беше во улога на спортски коментатор.

 

Чупевски беше мета на вербални и навредливи закани од некои неодговорни гледачи, кои ја распаа сликата за градот Куманово кој важи за најкошарски град во Македонија. Секој натпревар на овој клуб го следат повеќе од 5000 гледачи.
За среќа, не дојде до поголем инцидент откако реагираа луѓето од обезбедувањето и полицијата.
Чупевски по овој инцидент го продолжи коментарот кој одеше во живо на МТВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top