Дваесет и двегодишно момче од кавадаречкото село Сирково загина во тешката сообраќајна несреќа која се случи синоќа во 21.40 часот на магистралниот пат А1 Градско – Прилеп, на крстосницата за селото.
До несреќата дошло кога патничко возило БМВ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Благоја Д., удрило во бетонска ограда.
Во незгодата од добиените повреди тој починал, а тешки телесни повреди добиле сопатниците во возилото Н.С.(20) и 17-годишно момче, двајцата од с. Сирково и истите поради сериозноста на повредите се пренесени во Ургентен центар – Скопје.
Увид на местото на настанот извршиле јавен обвинител и увидна екипа на Полициската станица – Кавадарци.
Фото: tirekovmirece.com/
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.