| четврток, 6 декември 2018 |

Енрике Иглесијас се повреди на концерт, си исече два прста на раката

Пејачот Енрике Иглесијас сериозно се повредил за време на еден концерт во Мексико. Настапувајќи пред 12.000 посетители, Енрике се обидел да го допре дронот со рака, но си исекол два прста. И покрај силното крварење, пејачот го продолжил концертот.

enrike-1

Откако го завршил концертот, Енрике истрчал од бината и итно бил однесен на аеродром од каде што полетал за Лос Анџелес. Веднаш му била направена операција и тој заздравува.

enrike-2

 

Енрике го фатил дронот со камера за да ѝ овозможи на публиката поглед од сцената бидејќи снимките од таа камера цело време „се вртеле“ на мониторите зад него.

enrike-3

Прва помош му пружиле болничарите покрај бината, но иако го советувале да го прекине концертот заради обилното крвавење, Енрике продолжил да пее уште 30 минути.

Enrique Iglesias

За време на настапот, Енрике со својата крв на белата маичка што ја носел нацртал срце, а фотографиите од пејачот со крвава маичка се појавива на сите социјални мрежи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top