Според полициски извори за време на прославата на ДУИ на плоштадот во Кичево околу 17 часот попладнево полициската станица во Кичево добила телефонски повик од граѓанин кој рекол дека 4 непознати лица се обиделе да го спуштат македонското знаме од државниот јарбол.
Полициска екипа од Кичевската полиција заедно со сообраќајна патрола веднаш се упатила кон местото на настанот при што таму се затекнати три лица од македонска националност кои што го подигале државното знаме назад на јарболот.
Полициската патрола останала во близина а по петнаесетина минути во полициската станица во Кичево повторно се јавиле граѓани кои информирале дека знамето повторно не е на јарболот поради тоа што паднало од силниот ветер. Тоа го забележала и полициската патрола по што знамето е кренато и зацврстено.
Извори на Република предходно потврдија дека вандалите кои што сакале да го симнат знамето го скршиле механизмот со кој се подигнува знамето.
Во моментов знамето е на јарболот и нема никакви тензии во Кичево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


