| четврток, 6 декември 2018 |

Христо Стоичков: Реал треба да учи од Барселона како се освојуваат титули

Оваа сезона за Барселона е една од најуспешните во историјата. Две титули се веќе во витрините, а уште една е пред вратите на „Камп ноу“.
Барса ги освои првенството и Купот на Шпанија, а ќе игра во финалето од Лигата на шампионите на 6 јуни во Берлин.
Одличната сезона ја искористи иконата на клубот Бугаринот Христо Стоичков да се потсмева со најголемиот ривал Реал Мадрид.

hristo stoickov

Поранешниот играч на Барса, со која освои дури пет титули во Шпанија и еден трофеј во Лигата на шампионите, смета дека „кралскиот клуб“ може многу да научи од Каталонците.

Барселона во саботата го освои „Копа дел реј“, а Стоичков смета дека Реал би можел многу да научи и да извлече поуки од тој натпревар и да види како се освојуваат титули.

– Гледајте и учете како се освојуваат пехари. Да живее Барселона, да живее Каталонија – изјави Стоичков.

– Секако не заборавајте да бидете пред своите телевизори на 6.јуни – ова го напиша бугарската легенда на својот профил на „Твитер“ покрај сликата на која играчите на Реал се наоѓаат пред ТВ екрани.

hristo stoickov 1

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top