Основниот суд Скопје 1 денеска треба да се изјасни дали ќе ја прифати или отфрли кривичната пријава за Зоран Заев, на јавна седница на која ќе ги разгледува приговорите на обвинетите во случајот „Пуч“.
Адвокатите ќе бараат судот да го отфрли обвинението против лидерот на СДСМ и случајот да заврши без судење бидејќи сметаат дека нема кривично дело.
Во случајот „Пуч“ четвртообвинет е лидерот на опозицијата Зоран Заев, а обвинети се и ексразузнавачот Зоран Верушевски, неговата сопруга, соработник на Заев во општина Струмица и вработен во МВР. Тие се товарат за шпионажа, неовластено снимање, како и насилство кон највисоки државни органи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.